МНР: Одлуката на Русија за протерување наш дипломат е политичка освета

Македонското Министерство за надворешни работи се огласи по одлуката на Русија да протера македонски дипломат од амбасадата во Москва и оцени дека станува збор за политичка освета. 


Во кусото соопштение се вели дека „Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји”.

МНР ја потврди информацијата дека денес вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска- Димовска била повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација при што ѝ била врачена Нота за прогласување „персона нон грата” на наш дипломат – аташе од македонската амбасада во Москва.

Претходно министерот за надворешни работи, Бујар Османи во пбјава на Твитер оцени дека одлуката на руското Министерство за надворешни работи е неоправдана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons