Мицкоски: Побарав од премиерот Јанша да испрати тим од доктори, апелирам и Владата да најде меѓународна помош

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот профил на Фејсбук информира дека имал разговор со словенечкиот премиер и претседател на сестринската партија СДС, Јанез Јаншa, со кого зборувале за актуелната здравствена и политичка состојба.

Мицкоски побарал стручна помош за борбата со ковид-19, посочувајќи дека, како што вели, Македонија е на првото место по бројот на заболени и починати по глава на жител. Во таа насока, добил ветување од премиерот дека Словенија ќе испрати екдпертски тим за борба со ковид-19, за што го известил и министерот за здравство Венко Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons