Министерот Венко Филипче се огласи за граѓаните: Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата

Министерот Венко Филипче се огласи за граѓаните: Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата.

Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Покрај скратувањето на полицискиот час и дозволата угостителски објекти да работат до 22:30 часот, до надлежните пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на деца во градинките, но, министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести смета дека е сè уште рано за тоа.

– Има препорака за 14 -невен карантин за сите патници кои доаѓаат од Индија и од Бразил, заради тоа што таму се случува еден силен притисок и бран, треба да видиме дали тој сој на вирусот има значајно поразлични карактеристики од овој што беше сега, а тоа е британскиот сој, посочи вчера Филипче.

Во однос на вакцинацијата, министерот смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем и апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк” за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons