Меси повеќе не е помеѓу тројцата кандидати за Златната топка во рангирањето на „Гол“

Престижниот спортски сајт „Гол“ ја ажурираше листата на десет претенденти за освојување на „Златна топка“ оваа сезона. Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски и натаму е прв фаворит, Кристијано Роналдо од Јувентус се искачи на второто место, додека трет е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин.

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси кој во претходното рангирање беше на третото место, падна за една позиција.

Топ 10 кандидати за „Златна топка“ според „Гол“:

1. Роберт Левандовски
2. (4) Кристијано Роналдо
3. (2) Кевин де Бруин
4. (3) Лионел Меси
5. (5) Томас Милер (Баерн)
6. (8) Карим Бензема (Реал Мадрид)
7. (6) Нејмар (ПСЖ)
8. (7) Ерлинг Холанд (Борусија)
9. (9) Килијан Мбапе (ПСЖ)
10. (10) Џејдон Санчо (Борусија).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons