МВР најави застој за издавање на личните документи – еве ја причината

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека од 23 до 27 овој месец нема да се примаат барања и нема да се издаваат лични документи – личн карта, пасош, возачка дозвола.

Како причина од МВР наведуваат „миграција во нов систем“.

Поради ова, од МВР известуваат дека сите кои имаат термини за аплицирање за лични документи во итна постапка за 23, 24 и 25 јуни, да дојдат во просториите каде што имаат закажан термин на 22 јуни во текот на целиот работен ден или на 23 јуни до 12 часот.

Оние пак, кои имаат термини за 23, 24 и 25 јуни во редовна постапка, да дојдат од 28 јуни до 2 јули на истите тие места.

Готовите лични документи граѓаните можат да ги подигнат до 23 јуни.

За 360 СТЕПЕНИ МВР изјавиле дека таква ситуација е настаната поради надградба на системот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons