Македонците најмногу „копаат“ криптовалути во Тетово, Чаир, Ченто и Шутка и ја оптоваруваат електричната мрежа

Македонците најмногу копаат криптовалути со последната генерација на компјутери, одредени само за таа намена, во скопските населби Чаир, Ченто и Шутка, како и во Тетово и Арачиново, според податоците на ЕВН, објави Гласот на Америка.

Овие компјутери наменети за копање на криптовалути троши многу електрична енергија и сериозно ја оптоварува мрежата, а од ЕВН велат дека потрошувачката особено скокнала пролетва.

„Едно домаќинство, ако има потреба од одредена потрошувачка, доколку инсталира компјутери што копаат криптовалути, тоа значи дека може да потроши енергија за 20 или за 30 домаќинства, што го нарушува напојувањето на сите соседни корисници на таа напојна точка“, велиЛенче Карпузовска, менаџерка на Оддел за комуникации во ЕВН.

Евидентирана е и појава на паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина за да се избегнат високите сметки, кои за копање криптовалути често се пресметуваат и во стотици евра. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка.

Познавачите велат дека растот на потрошувачката, меѓу другото е поради новиот тренд кај помладите да „копаат“ криптовалути на своите компјутери дома. Овој тренд е во постојан раст во сите земји, па така во Исланд количината потрошена струја на компјутери за копање крипотовалути, каде има и цели фабрики за тоа, ја надмина онаа што ја користат домаќинствата.

За овој проблем за енормна потрошувачка на електрична енергија од оваа причина алармираше и Регулаторната комисија за енергетика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons