Македонските фудбалери го имаа вториот тренинг во Букурешт, Несторовски следеше од клупата (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација го одработи и вториот тренинг во Букурешт, а со фудбалерите беше и Илија Несторовски кој седеше на клупата за резерви и ја следеше работата на своите соиграчи.

Избраниците на Игор Ангеловски го одработија и вториот тренинг во Букурешт. Сите се здрави и вложуваат максимален напор за што подобро да се подготват за неделниот меч со Австрија. Ферхан Хасани тренираше со останатите, но со маска поради повредата на носот која ја заработи на мечот со Словенија.

На клупата за резерви беше Илија Несторовски кој е со репрезентацијата иако не може да игра поради операцијата на коленото.

Фото: ФФМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons