Македонските фудбалери во нови термини ќе ги играат натпреварите во Лигата на нациите

УЕФА ги објави новите термини за Лигата на нациите, натпреварување во кое македонската фудбалска репрезентација ќе настапи по втор пат.   Иако пред неполна седмица УЕФА го објави календарот за втората сезона во Лигата на нациите, сепак од „Европската куќа на фудбалот“ стигна потврдата за новиот распоред и термини на оригрување на натпреварите.    Она што е најважно за нас, Македонската репрезентација ќе ги започне натпреварите на 5 септември со дуелот во Скопје против Ерменија по што ќе следува гостувањето во Грузија.    Во октомври ќе следуваат три натпревари. Првиот многу позначаен е бараж дуелот со Косово за пласман на Европското првенство, што ќе се игра на 8-ми, додека на 11-ти Македонија треба да и гостува на Естонија, па повторно во Скопје на 14-ти ќе ја пречека Грузија.    Доколку црвено-жолтите стигнат до финалето од разигрувањето за ЕП, во ноември пак ќе играат три меча и тоа на 12 ноември ќе следува меч против Грузија или Белорусија, а потоа и дуелите против Естонија во Скопје (15 ноември) и Ерменија на гости (18 ноември).    Македонија ќе игра во Лига Ц, каде ќе ги одмери силите со Ерменија, Грузија и Естонија. Распоредот е модифициран според настапите во плеј-оф сегментот од минатото издание.    Распоред на натпреварите во Лигата на нациите на репрезентацијата на Македонија:  5 септември, 15:00 часот: Македонија – Ерменија 8 септември, 18:00 часот:  Грузија – Македонија 11 октомври, 18:00 часот:  Естонија – Македонија 14 октомври, 20:45 часот:  Македонија – Грузија 15 ноември, 15:00 часот:  Македонија – Естонија 18 ноември, 18:00 часот:  Ерменија – Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons