Македонија со поголем економски пад од просечниот на ниво на Западен Балкан

Кризата КОВИД-19 предизвика сериозни штети на сите економии на Западен Балкан во 2020 година, констатира Европската комиија, а пандемијата најдобро економски ја поднесоа Србија и Албанија.

Кризата КОВИД-19 предизвика сериозни штети на сите економии на Западен Балкан во 2020 година. Економската активност беше сериозно нарушена од рестрикциите кои имаа најсилно влијание во вториот квартал, додека економиите покажаа знаци на закрепнување во втората половина од 2020, кога се олеснија ограничувањата и се зголемија економските активности, особено во производствениот сектор ориентиран кон извоз, проценува Европската комисија во својот последен квартален извештај за земјите-кандидати и потенцијални кандидати.

Според извештајот, Србија е земјата што полесно ја надмина кризата, со пад од само 1отсто, како резултат на стабилната економска структура и значителниот фискален стимул. Потоа, тука е Албанија, со пад од 3,3 проценти, помогната од подобрувањето на економијата во последниот квартал од годинава.

Според извештајот, во повеќето земји, падот во 2020 година бил воден од острото намалување на приватната потрошувачка и инвестициите, додека нето-извозот имал различен ефект на раст. Црна Гора забележа најсилна економска штета. Реалниот БДП падна за 15,2%, за разлика од зголемувањето од 4,1% една година претходно, главно како резултат на падот на извозот на услуги (имено туризмот).

И во Босна и Херцеговина и во северна Македонија, БДП се намали за 4,5% во 2020 година, најмногу поради наглиот пад на потрошувачката на домаќинствата и инвестициите. И во двете земји, економскиот раст беше поддржан со позитивен придонес во растечкиот нето извоз, додека во случајот на Северна Македонија, исто така, со јавната потрошувачка. На Косово, проширувањето на потрошувачката на владата го ублажи падот на годишното економско производство на околу 3,9%.

Генерално, БДП во регионот на Западен Балкан се намали за 3,3% во 2020 година, од просечната стапка на раст од 3,6% во 2019 година. Ова е прв пад на годишното производство на регионот по 10-годишно проширување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons