Македонија има највисока стапка на смртност од коронавирусот на просторот на поранешна Југославија – 4,5 отсто

Стапката на смртност во Македонија од коронавирусот од 4,5 отсто е највисока во споредба со сите други држави од поранешна Југослација, пишува хрватски Н1.

Просечната стапка на смртноста на просторот на поранешна Југославија е 2,7 отсто. Бројката на потврдени случаи во сите шест земји е 7.170, а починати се 196 лица.

Покрај Македонија, висока стапка на смртност има и Босна и Херцеговина – 4,1 отсто, но и Словенија – 3,8 отсто. Србија има стапка на смртност од 2,3 отсто, а Хрватска – 1,4 отсто. Најниска стапка има Црна Гора – 0,8 отсто.

Највисока стапка на смртност во светот имаат Италија и Велика Британија – по 12,8 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons