Лукашенко предупредува: Америка сака да предизвика војна, и други држави да се борат за нив!

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека САД, користејќи ги Полска, балтичките земји, Украина, како и мигрантската криза на границата со Белорусија, сакаат да предизвикаат војна.

Тие се обидуваат да ги искористат тие кутри бегалци и тој процес. Веќе отворено изјавуваат, да го вклучи го НАТО. А што значи НАТО ? Започнување војна. Не провоцираат. На Европа не и треба тоа, Европа не го сака тоа, Европа не сака војна. Кому му е потребна таа војна ? На Американците – праша Лукашенко на седницата на уставната комисија и работната група за финализирање на нацрт-уставот.

Како што тој оцени, Американците сакаат некој друг да се бори за нив.

Ќе гледаат од страна и ќе испорачуваат оружје за да се убиеме и да падне економијата. Пак потоа ќе дојдат овде со доларот што сега го печатат да ни помогнат и Америка пак ќе доминира. Тоа е главната причина зошто сето ова е направено. Тие сакаат да го направат тоа користејќи Полјаци, балтички земји и Украинци – изјави Лукашенко.

Тој исто така смета дека Америка треба да се приближи до Москва.

Но, има уште „балкон“ (Белорусија), им пречи, треба да се отсече. И ќе работат на тоа – заклучи белорускиот претседател.

Истовремено, тој додаде дека како повод ќе биде искористена мигрантската криза на границата помеѓу Белорусија и ЕУ, која, според Лукашенко, ја искористиле и Полјаците за да ги остварат своите стратешки цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons