Левандовски ја доби „Златната копачка“

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби наградата „Златна копачка“.

– Многу сум среќен, тоа е голема чест. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, соиграчите, тренерскиот штаб и целиот Баерн Минхен. Без нивната поддршка, немаше да можам да освојам вакви награди.

Во спортот, како и во животот, многу е важно да се вреднувате, да се поддржувате, секогаш да бидете искрени еден кон друг и да се обидувате да бидете пример за другите. Затоа оваа награда им ја посветувам на сите луѓе кои се покрај мене секој ден.

Многу сум задоволен од она што го постигнавме заедно како тим. Ви благодарам многу, изјави Левандовски.

Полскиот фудбалер постигна 41 гол во 29 натпревари во Бундеслигата минатата сезона и за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец во европските првенства. (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons