Лазаров: Полесно ми е како селектор и играч, на победи против Финска и Швајцарија

Кирил Лазаров, еден од најдобрите македонски репрезентативци, сега и во улогата како селектор ќе се обиде да биде со националната селекција на големите натпреварувања.

На две кола пред крајот на квалификациите за пласман на следното Европско првенство 2022, Данска е прва со шест бода, колку и Македонија во групата „7“, Швајцарија има четири, а Финска ниту еден.

На 28 април гостуваме кај Финците и се очекува токму против нив да го потврдиме учеството на континенталниот собир, а квалификацискиот циклус ќе го завршиме во Скопје против Швајцарците на 2 мај 2021 година.

Во интервјуто за „Ал Џазира Балканс“Лазаров го сподели своето првично искуство како селектор, успехот против актуелниот светски шампион Данска.

– Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Посигурен сум кога сум на паркетот и кога можам да ги распоредувам играчите и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат нас постарите некое време за да продолжат да играат сами. Секојдневната подготовка и секој тренинг е важен за нас. Ова е национална селекција, во која нема многу работни денови во годината и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Имам добар тим што го составив. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има и порази, но ги ценам играчите кои даваат 100 проценти и кои се победници – вели Лазаров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons