Комисијата ќе предложи враќање на полицискиот час за продолжениот викенд
Алсат објави дека комисијата за заразни болести ќе предложи враќање на полицискиот час од четврток во 21:00 часот до понеделник во 05:00 часот.
Движењето ќе биде забрането на целата територија на градот Скопје, со сите општини, како и во градовите Тетово, Куманово со Липково и Штип.
За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.
Предлогот мора да биде усвоен на следниот состанок на Владата.