Кире Лазаров нема да се пензионира, потпиша нов договор

Селекторот и играч на Македонија, Кирил Лазаров нема да замине во играчка пензија, откако прифатил да биде дел од составот на Нант и за следната сезона.

Како што најавува „Л`Екип“, Лазаров верува дека има уште многу ракомет во него и ќе се обиде да одигра уште една сезона на високо ниво.

Лазаров е дел од Нант од 2017 година, во меѓувреме стана селектор на Македонија а имаше и понуди од Барселона за да биде дел од тренерскиот тим на екипата од Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons