Кајчев: Ако кажам дека Гоце Делчев е Бугарин, ќе висам на првата бандера во Македонија

Членовите на Заедничката мешовита комисија за бугарските медиуми ги пренесуваат впечатоците откако се вратија од состанокот во Скопје. Идентитетот на Гоце Делчев и натаму останува главен камен на сопнување, а од речиси 14 точки, историчарите во два дена разгледале само неколку. И членот на комисијата од бугарска страна Наум Кајчев смета дека немало речиси никков напредок. Како што пренесува Канал 5 тој за бугарските медиуми изјавил, рекол дека на состаноците, покрај постоечките, се појавиле дополнителни недоразбирања.

На прашањето од бугарски новинари дали бугарската страна на граѓаните овде им наметнува нешто што не можат или не сакаат да го прифатат, Кајчев вели дека има такво мислење и логика.
„Мислење на македонските колеги е дека тие мора да се водат од очекувањата на
општеството. Или, како што кажа еден колега – ако јас објавам дека Гоце Делчев бил
Бугарин, ќе бидам обесен на првата улична бандера“, рекол Кајчев за бугарските
медиуми, пренесува фактор.мк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons