Какво време нè очекува следната недела?

– Стабилно време со пониски утрински температури најавува Управата за хидрометеоролошки работи за наредниот период.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и ниски минимални температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons