И спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги во објектите по 18 часот

Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека откако Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе новите мерки за заштита од Ковид-19 со кои, меѓу другото, се скрати работното време на угостителските објекти до 18 часот, согласно истите, ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот. 

„Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме.“ – истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните. 

Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот. 

Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници.  

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.

Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons