Историска партија за Лука Дончиќ, трипл-дабл каков што имаат направено само уште тројца кошаркари

Лука Дончиќ блескаше, а Далас го победи Вашингтон со 125-124, Словенецот имаше учинок со каков можат да се пофалат многу малку кошаркари. 

Лука Дончиќ мечот го заврши со 31 поен, 20 асистенции и 12 скокови. Тој стана само четвртиот кошаркар во историјата кој успеал да направи трипл-дабл со 30+ поени и 20+ асистенции.

Претходно тоа им успеало на Расел Вестбрук, Меџик Џонсон и Оскар Робертсон. 

 Најмногу поени на мечот имаше Расел Вестбрук кој постигна 42 поени, имаше и десет скокови и девет асистенции. Но не му помогна на својот тим да го избегне поразот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons