Извршителите од утре почнуваат со работа

Изборите завршија и сега граѓаните повторно се враќаат во немилост на извршителите. На ден пред стартот со работа на извршителите, реагираат од Здружението на граѓаните „Но пасаран“. Апелираат државата да најде начин и извршителите уште извесно време да не можат да блокираат сметки. 

Според сите прогнози, економската криза пикот ќе го има дури наесен. Пресметките покажуваа дека заради загубена работа или намалена плата десетици лјади граѓани од септември ќе се најдат на удар на извршителите.

Извршителите престнаа со работа со прогласувањето на вонредната состојба. Требаше да почнат од 01 јули, но рокот беше пролонгиран до утре. Од Министертсвто за правда велат не постои можност за ново пролонгирање на мерката.

Владата со уредба во март го пролонгираше и плаќањето и на ратите за кредити за фирмите и граѓаните до 01 октомври. Ваква мерка има и во Србија, а таму веќе се планира нејнзино пролонгирање за уште два месеци. Дали постои можност и кај нас да се случи тоа. Од макеоднската банкарска асоцијација велат дека е рано да се прогнозира каква ќе биде состојбата до есен. А владини извори велат дека за секоја ваква одлука ќе мора да се чека новата Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons