Иднината на Кутињо ќе стане јасна по завршувањето на Лигата на шампионите

Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо ќе ја реши својата иднина по завршувањето на Лигата на шампионите, изјави неговиот агент. Бразилецот моментно игра на позајмица во Баерн Минхен, кој во петок ќе се соочи со Барселона во четвртфиналето на турнирот.

Кутињо е силно поврзан со заминување од „Камп Ноу“ ова лето и едвај чека да се врати во Премиер лигата, каде играше за Ливерпул. Тимот на Арсенал се смета за фаворит за неговиот потпис.

Но, агентот на Кутињо, Киа Џоурабчијан, инсистираше на тоа дека Бразилецот е фокусиран само на крај на сезоната во Лигата на шампионите.

– Во моментов Кутињо е фокусиран само на следната фаза од Лигата на шампионите. Пред него има голем натпревар – клуб што го поседува против клубот во кој игра. Значи, тој е во деликатна ситуација во моментов. Тој ќе игра против Барселона, го очекува тоа. Тој едвај чека да ја освои Лигата на шампионите. Мислам дека Баерн е тим кој има потенцијал да биде на врвот. И мислам дека откако ќе заврши ЛШ, ќе седнеме и ќе видиме каква е состојбата. Всушност, јас дури и не сум разговарал со него за тоа. Барселона може да биде крајната дестинација. Сепак, тој ја сака Премиер лигата, тој сака да се врати еден ден, но ситуацијата од КОВИД-19 ќе игра голема улога, бидејќи тој е голем играч кој чини многу пари, рече агентот за „ТолкСпорт“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons