Зошто Јапонците живеат долго иако не практикуваат напорни физички вежби?

Јапонија има најмногу стогодишници по глава на жител во светот. Едно истражување од 2016 година од Светскиот економски форум покажува дека таму живеат 61.000 жители што имаат 100 или повеќе години. Тоа е 0,048% од целото население. 

Заслугата за ова најчесто ѝ се припишува на јапонската исхрана, која е богата со риба, зеленчук и минимално внесување шеќер. Во традиционалната јапонска кујна се практикува да се јадат мали порции со локални намирници. 

Само 4,3% од населението во Јапонија се дебели. За споредба, во Австралија, Канада и Велика Британија дебели се над 27% од жителите, а во САД процентот е 36,2%. 

Но се чини дека исхраната не е единствената тајна за долговечноста на Јапонците. Жителите на оваа земја обожаваат да пешачат. Тие пешачат секаде – до работа, до продавница, до ресторан. Околу 69% од Јапонците поседуваат автомобил. За споредба, во САД околу 93% од жителите имаат автомобил. 

Во Јапонија, просечниот жител прави 6.500 чекори дневно. Но Јапонците не сакаат да вежбаат напорни физички вежби. Во една анкета, повеќе од половина од испитаниците во Јапонија изјавиле дека речиси не прават физички вежби (освен пешачењето). Јапонците не гледаат на пешачењето како на вежбање, туку тоа е станато дел од нивното секојдневие. 

Автор: Тенер Герити 
Извор: insidehook.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons