Зидан пресече: Дефинитивно не оди во Јунајтед и чека повик од Париз

Зинедин Зидан ја одби официјалната понуда од Манчестер јунајтед да го наследи Оле Гунар Солскјер на клупата, бидејќи чека понуда од друго место. 

Зидан и сопругата не се заинтересирани за преселба во Англија, им се допаѓа животот во Мадрид и немаат намера по секоја цена да го менуваат местото на живеење.

За нив, Премиер лигата не е опција, но со нетрпение го очекуваат повикот од татковината.
Како што пишуваат англиските медиуми, но и добар дел од шпанските и француските, Зидан е подготвен да седне на клупата на ПСЖ доколку Маурисио Покетино одлучи ја прифати понудата на Јунајтед и да се врати во Премиер лигата.

Иако и ПСЖ и самиот Покетино демантираа ваква опција, француските медиуми тврдат дека „светците“ ќе му дозволат на Аргентинецот да се пресели во Манчестер јунајтед доколку претходно успеат да се договорат со Зидан.

Откако со Реал Мадрид освои три титули по ред во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан си постави високи цели и не го интересираат екипи кои не се подготвени веднаш да се борат за титулата во Лигата на шампионите.

Во тој круг е ПСЖ кој летово донесе неколку ѕвезди како Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум, а во тимот веќе староседелци се Нејмар и Килијан Мбапе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons