ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО СТРУМИЧКО: Осомничениот е вооружен, се вклучи специјалната полиција

На 04.05.2021 година во 08.15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса, струмичко Н.К. бил нападнат со остар предмет од страна на Д.Г. од истото село, информираат од СВР Струмица.

Пред малку Струмица Денес беше на лице место и случајот уште не е завршен, односно осомничениот е вооружен и не се предава на струмичката полиција. Во случајот учествуваат и струмичките пожарникари. Со повеќе детали во текот на денешниот ден.

Струмица Денес пред малку од очевидци доби информации дека и специјалци биле вклучени во акцијата за апсење на вооружениот Д.Г кој се крие во неговиот дом.

Извор: Струмица Денес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons