Заев: Од Србија ќе добиеме 8 илјади вакцини од Фајзер по набавна цена

Премиерот Зоран Заев кажа дека Македонија ќе добие најмалку 8 илјади вакцини од Фајзер преку Србија.

Сакам да споделам среќна вест, за понудена помош од Србија. Комуницирав со претседателот Александар Вучиќ и договорено е да добиеме од нивната набавка 8.000 фајзерови вакцини. Многу сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ да ја изразам благодарноста до претседателот Вучиќ, до српската влада и народ, ова е сериозен чин на пријателство. Претседателот Вучиќ сакаше да биде донација, сепак се договориме да ги платиме по набавна цена“, рече Заев.

Тој кажа дека додека се очекуваат првите дози од вакцините на Фајзер, се праќаат барања и до други држави да помогнат за побрзо да пристигнат првите вакцини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons