Завршницата на Премиер лигата со публика на стадионите

Последните две кола во англискиот шампионат ќе се играат во присуство на публика, со ограничен капацитет на исполнетост на стадионите до максимум 10.000, најави денеска раководството на Премиер лигата.

Доколку нема продолжување на рестрикциите поврзани со коронавирусот, кои се во сила во Велика Британија, клубовите ќе можат да ги отворат стадионите за навивачи од 17 мај.

Се надеваме дека завршните две кола сезонава ќе се одиграат пред максимум 10.000 навивачи на стадионите, изјави денеска извршниот директор на Премиер лигата Ричард Мастерс.

Со цел да овозможи присуство на навивачите на сите стадиони во Премиер лигата предвидено е натпреварите од претпоследното коло во англиското првенство да се играат од 18 до 20 мај, додека завршното коло е предвидено за 23 мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons