Ердоган: Тоа е повик за воен удар. Уште десет адмирали во затвор. Султанот нема да остави ниту еден на слобода кој не мисли како него

Турските власти уапсија 10 резервни адмирали, идентификувани како водачи на група од 104 пензионирани високи поморски офицери кои потпишаа отворено писмо против плановите на претседателот Реџеп Таип Ердоган за изградба на Истанбулскиот канал, објави Ројтерс.

Станува збор за водна врска меѓу Црното и Мраморното море, долга 45 километри, слична на каналите Панама и Суец. Изградбата се очекува да чини околу 10 милијарди долари.

Во писмото, адмиралите рекоа дека за нејзината изградба се бара Турција да се откаже од Конвенцијата во Монтре од 1936 година, со која се регулира преминот на воени бродови низ Босфор и Дарданелите и се обезбедува слободен премин на пловни објекти во мирно време.

Претседателството во Анкара го спореди писмото со обид за воен удар во 2016 година. На десетте притворени им се подогнати обвиненија како на обвинети во настаните од пред пет години.

Турскиот претседател Таип Реџеп Таип Ердоган денеска оцени дека изјавата на поранешните адмирали ја надминува слободата на изразување и дека повикува на воен удар.

Поранешните адмирали ја дадоа својата поддршка на Конвенцијата во Монтре од пред 85 години.

Бројни официјални претставници на Анкара изјавија дека заедничката изјава, која покрај адмиралите ја потпишаа повеќе од 100 поранешни високи припадници на морнарицата, претставува директен предизвик за цивилната влада и потсетува на претходните воени акции.

Во Турција, дел од армијата се обиде да изврши државен удар против Ердоган во 2016 година, а потоа голем број граѓани беа убиени, а повеќе од 1.000 лица беа ранети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons