Ердоган ги бара парите или фантомите: Америка мора да ни испорача авиони, ние плативме за нив. Односите ни се лоши

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека односите на Турција со САД не се добри и дека Вашингтон мора да ги среди работите во врска со фактот дека Анкара купила руски одбранбени системи С-400, објави телевизијата Хабертурк.

Односите помеѓу НАТО сојузниците паднаа на најниско ниво во текот на оваа година, кога Вашингтон воведе санкции против турската воена индустрија поради купување на руски одбранбени системи С-400, пренесува Ројтерс.

Според Ројтерс, Вашингтон ја исфрли Анкара од својата авионска програма Ф-35, каде што Турција беше и купувач и производител.

Не можам да кажам дека се одвива здрав процес во турско-американските односи. Купивме Ф-35, плативме 1,4 милијарди долари, а тие авиони не ни беа предадени. САД мора прво да го решат тоа, им рече Ердоган на новинарите откако присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Турскиот претседател рече дека Анкара ќе ги задоволи своите одбранбени потреби од други места доколку Вашингтон не им помогне.

Двете земји треба да соработуваат како пријатели, но сегашната насока не го ветува истото, рече Ердоган, додавајќи дека американскиот претседател Џо Бајден „не започнал добро“.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons