Елмас добива важна улога во тимот на Лучијано Спалети

Доаѓањето на Лучијано Спалети на клупата на Наполи носи убави вести за македонскиот репрезентативец, Елјиф Елмас. Италијанските медиуми пренесуваат дека „дијамантот“ е миленик на искусниот италијански тренер и затоа ќе добие важна улога во тимот во новата сезона.

Спалети практикува формација 4-2-3-1 во која Елмас би требало да биде веднаш зад напаѓачот, со што ќе добие голема слобода во играта. Елмас минатата година беше во милост и немилост на Џенаро Гатузо и одигра нешто повеќе од 700 минути во Серија А, во која успеа да постигне три гола. Годинава се очекува да има далеку поголема минутажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons