Елмас даде гол, но Наполи загуби на гостувањето во Москва

Наполи со 2-1 беше поразен на гостувањето кај Спартак Москва, Елиф Елмас беше стрелец на единствениот погодок за наполитанците кои во последното коло ќе мора да го победат Лестер за да продолжат во Лига Европa

Наполи доживеа уште еден пораз од Спартак Москва, а и во овој меч против рускиот тим Елиф Елмас постигна гол. Фудбалерите на Наполи направија прекршок за пенал уште во првата минута, Соболев реализираше за водство на Спартак од 1-0. При негатива од 1-0, Елиф Елмас имаше голема двојна шанса но голманот на Спартак беше подобар. Во 28. минута нов гол за Спартак Москва, Соболев зголеми на 2-0. Течеше 64. минута кога по асистенција од Петања, Елиф Елмас погоди со глава и намали на 2-1. Нашиот фудбалер во финишот имаше уште една шанса со глава, но голманот Селихов спречи израмнување. Ситуацијата во групата сега е комплицирана, на Наполи во последното коло ќе му биде потребна победа над Лестер за да се пласира во нокаут фазата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons