Една казна затвор од три години и две условни за обвинетите во „Двојник“ кои не признаа вина

Три години ефективна затворска казна за Фарук Бути, а една година условна за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ, сите прогласени виновни за злоупотреба на службената положба и фалсикување на патни исправи во случајот „Двојник”. Ваква пресуда донесе судијката Оља Ристова, по точно еден месец судење за тројцата обвинети кои не признаа вина.

Дејствувале координирано и смислено и точно знаеле дека ги прекршуваат прописите кога издавале пасоши за меѓународни криминалци, посочи судијката.

„Судот утврди дека патните исправи биле експресно одобрувани од моментот на приемот. За 6, 11 и 26 минути, што е невозможно…”

Тригодишната затворска казна за Буки е најстрога пресуда од сите 11 обвинети во случајот. Емотивно ја прими одлуката на судот и предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство.

Со оваа пресуда заврши првостепената постапка за вкупно 11 лица во случајот со издавањето на лажни патни исправи за странски државјани со криминално досие. Претходно казните за оние кои ја признаа вината се движеа од условна, до две години и седум месеци затвор.

Пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на минатата година на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons