Европската слободна алијанса до ЕУ: Отворете го прашањето на македонското малцинство во Бугарија

Официјално да го отворите прашањето на македонското малцинство во Бугарија. Да го вброите односот кон малцинствата, и особено односот кон македонското малцинство, во прашањата кои се предмет на набљудување во Бугарија. Да инсистирате од Бугарија да почне да ја применува Рамковната конвенција кон сите малцинства, вклучително и кон македонското малцинство. Ова се дел од барањата кои Европската слободна алијанса (ЕФА), алијансата на партиите на малцинствата во Европа, ги испрати до раководството на ЕУ.

Во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и до еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, ЕФА во име на македонското малцинство повика да се испитаат случаите на дискриминација и говор на омраза против Македонците и Бугарија без приговор да почне да ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човековите права.

„Во име на Европската слободна алијанса и нашата членка, партијата ОМО Илинден – Пирин, изразуваме загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија, за тоа дека со  години македонското малцинство е изложено на малтретирање од страна на државата и му се негираат основните човекови права кои се загарантирани според законите на ЕУ.

Регистрирањето на македонските организации честопати се блокира од страна на бугарската држава, а говорот на омраза и дискриминацијата против малцинството е сеприсутна.

Мора да се воспостави активен дијалог меѓу државата и претставниците на малцинството, со цел да се разрешат овие проблеми. Правата на малцинствата се универзални и сите случаи на нивно кршење мора да се испитаат и да следи соодветна реакција“, се вели во писмото на Европската слободна алијанса до раководството на ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons