Дончиќ и Порзингис го предводеа Далас до победа, ЛА Лејкерс загуби во Њујорк (ВИДЕО)

Далас по продолжение победи на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 112:104, Лос Анџелес Лејкерс со 106:100 загуби кај Њујорк Никс. 

Во изедначен меч Далас успеа да дојде до победа против Лос Анџелес Клиперс. Се играше и продолжение кое даде чуден резултат. Во дополнителните пет минути домаќините успеаа да постигнат само еден поен, а Далас девет и на крајот да слават со 112-104. Дончиќ беше на работ на трипл-дабл, постигна 26 поени, имаше 9 асистенции и 9 скокови, поефикасен од него во Далас беше Порзингис со 30 поени. Кај ЛА Клиперс, Џекосн реализираше 31 поен, имаше и 10 скокови, Пол Џорџ постигна 29 поени.

Лос Анџелес Лејкерс загуби кај солидниот тим на Њујорк оваа сезона. Лејкерс немаа водство во ниту еден момент од мечот, во третиот период двапати дојдоа до израмнување, но тоа беше се што направија. На крајот Њујорк заслужено славеше со 106:100. Фурние со 26 поени беше најефикасен кај Њујрок, Рендл постигна 20, имаше и 16 скокови. Во составот на Лејкерс најдобар беше Вестбрук кој реализираше трипл-дабл со 31 поен, 13 скокови и 10 асистенции, Дејвис постигна 20 поени.

Резултати:  

Детроит – Мајами 92:100

Њујорк – ЛА Лејкерс 106:100

Портланд – Денвер 119:100

ЛА Клиперс – Далас 104:112

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons