Доминација или демократија?

По однос на дебатата за тоа дали Гоце Делчев бил Бугарин и за што се залагал во својата борба, бидејќи тоа стана клучна тема за односите меѓу нас и Бугарите, како и за нашите евроинтеграции, еве една хипотетичка ситуација.

Според некои бугарски извори, десетици илјади македонски државјани побарале и добиле и бугарско државјанство. Општо е познато дека за добивање бугарско државјанство мора да се даде изјава дека лицето кое бара државјанство се чувствува како Бугарин и мора да го „докаже“ своето бугарско потекло. Критериумите за тоа што се прифаќа како „доказ на потеклото“, не се баш познати. Како и да е, да претпоставиме дека некој од тие што се родени во Македонија, а потоа побарале и добиле и бугарско државјанство ќе добие, на пример, Нобелова награда и ќе стане една од клучните историски фигури. Која земја ќе смее да ја слави таа личност како дел од сопствената историја? Да речеме, за стотина години, кога лицето нема да биде живо, ќе постои доказ во бугарските архиви дека тој/таа се декларирал/а како Бугарин/Бугарка и врз основа на тоа Бугарија ќе инсистира насекаде да пишува дека тоа е личност од бугарската историја. И со тоа да ги условува односите меѓу државите. И како тоа може рационално да се реши?

Не мора ни толку да е хипотетичка ситуацијата. Имаме и конкретна, прилично слична ситуација во Србија и Хрватска. Имено, и Србите и Хрватите го слават Никола Тесла како дел од сопствената историја. Ситуацијата не е идентична, но е доволно слична. Во Хрватска Никола Тесла се нарекува хрватски научник, од српско потекло (а во јавниот дискурс акцент се става на „хрватски“), додека Србија се противи на тоа да биде нарекуван хрватски научник. Бугарите спорат со нас за тоа како Делчев го чувствувал сопствениот идентитет и какви идеали имал. Имено дали се борел за бугарската кауза во Македонија или се залагал за македонска автономна кауза, како и за која држава е поважно неговото наследство, за Македонија или за Бугарија?

Остатокот од колумната можете да го прочитате на следниот линк:

https://www.libertas.mk/dominaczi%D1%98a-ili-demokrati%D1%98a/

libertas.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons