Дибала ги продолжува преговорите со Јувентус

Агентот на Пауло Дибала, Хорхе Антун, пристигна во Торино за да ги продолжи разговорите за нов договор со Јувентус, објави „Газета дело Спорт“.

Дваесет и шест-годишниот аргентински напаѓач, кој беше избран за најдобар играч во Серија „А“ минатата сезона, инсистира да добива 11 милиони евра годишно. Сепак, раководството на Торино е склоно да нуди помалку надоместок, што во моментов е пречка за потпишување на нов долгорочен договор.

Актуелниот договор на Дибала со Јувентус истекува во 2022 година. Минатата сезона Аргентинецот одигра 46 натпревари во сите натпреварувања со 17 голови и 8 асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons