Даниловски: Како да сме овци, на кои им треба овчар со стап, да ги внесе во трло

Од вторникот на територијата на Македонија стапи во сила полицискиот час, кој ќе трае до 20 април, со надеж дека бројките на заразени од корона вирусот ќе се намалат.

Епидемиологот Драган Даниловски е револтиран од односот на популацијата, која уште еднаш покажа неодговорност во однос на движењето.

Оваа состојба е сега како да сме овци, на кои им треба овчар со стап, да ги внесе во трло. Се чувствувам како овца дека некој од страна треба да ми издриктира дека не смеам да се движам, да не правам веселби, дружби и одење по кафулиња. Мора да помогнеме во целата работа за ова планетарно искушение, истакна Даниловски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons