Дали примена вакцина ќе биде услов за патување во странство?

Дали вакцина против Ковид ќе биде услов за патување во друга земја?

И во Македонија секој кој ќе се вакцинира и ќе побара може да добие сертификат, бидејќи најверојатно без ваков документ нема да може да влезе во многу држави. За ова треба да прецизираат министрите за земјите членки на ЕУ.

-Може некои земји ќе им побараат документ за да може да се влезе на нивна територија, ова допрва ќе се организира. И ние најверојатно ќе издаваме таков сертификат односно документ за да може граѓаните оние кои сакаат да патуваат, рече д-р Исјановски.

Инаку вакцинацијата против Ковид ќе се закажува преку “Мој термин” и целиот процес ќе се следи преку него. Во меѓувреме секој Здравствен дом треба да пополни прашалник и детално да го наведе бројот на кадар кој ќе ја спроведува имунизацијата, дали се соодветно обучени, колку вакцинални пунктови имаат и дали персоналот поминал обука за одржување на “студениот синџир”за вакцини. Ова било разговарано на денешниот состанок на министерот за здравство и претседателката на Комитетот за имунизација со директорите на сите Здравствени домови во земјава на кој биле посочени неколку клучни сегменти за вакцинацијата против коронавирусот. Ќе се спроведува во сегашните пунктови, а вработените ќе поминат соодветна едукација. Еден од предизвиците ќе биде чувањето,доколку во Македонија дојде вакцината на Фајзер и Бионтек која се одржува на -70 степени и затоа министерството најави донација која ќе стигне во јануари.

 -Ние како Здравствен дом Скопје немаме такви фрижидери на -70, не верувам дека и помалите здравствени домови имаат. Ќе почекаме да видиме дали министерството ќе ги набавува, а ние сме подготвени како Здравствен дом Скопје да набавиме, изјави д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.

И додека во некои земји денови се во прашање за почеток на вакцинацијата  против Ковид, кај нас ќе почне најрано во првото тримесечје од 2021. Според најавите од здравствените власти планирано е да се набават 2.4 милиони дози за 60 до 70 проценти од населението. Вакцината ќе биде бесплатна и личен избор на секој граѓанин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons