Грозданов: Од преголемиот страв владејачката структура игра со сета сила да го сруши Христијан Мицкоски од лидер на ВМРО-ДПМНЕ

„Од владејачката структура играат со сета сила да го срушат Христијан Мицкоски од лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски има два изборни порази кои што не поминуваат над 10.000 разлика. Значи на претседателските избори ако се добро сеќавам околу 5.000 разлика во првиот криг, и во парламентарните со два пратеника што носи голема паника кај господата од Социјал демократскиот сојуз и нивните коалициони партнери првенствено мислејќи на ДУИ“, рече Виктор Грозданов при своеото гостување во „Заспиј ако можеш“.

Грозданов додаде дека во локални избори најважно е кого ќе извадите за да стане градоначалник на одредена општина.

„Стравот е голем кај Социјалдемократскиот сојуз кои со сета сила ќе удрат по новинарите за да бидат на нивна страна. А, тоа е се со цел да Христијан Мицкоски да го прикажат како губитник. Што на пример анкетата на Сиа Виста кажува многу диаметрално спротивно од желбите на моменталната власт“, укажа Грозданов.

Грозданов посочи дека надвор од здравиот памет е да СДСМ со своите новинари и Забрчанец да ги убедува граѓаните дека Мицкоски е носител на лажни вести. Број еден непријател на СДСМ е Христијан Мицкоски. Ако Мицкоски сега победи на изборите, СДСМ отиде во заборав веќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons