Голем пресврт. Политички земјотрес: Германците можат да и кажат ау фитерзен на партијата на фрау Меркел!? Анкетите се лоши

Најновото истражување на јавното мислење покажува дека поддршката на гласачите за германските социјалдемократи (СПД) е еднаква на довербата во зелените.

Можно е популарниот кандидат на СПД за канцелар да раководи со трипартиска коалициска влада по изборите во Германија на 26 септември.

Според истражувањето на Инса, спроведено од Билд ам Зонтаг, поддршката за СПД изнесува 18 отсто, што за првпат укажува, во годинашната изборна кампања, дека трипартиската коалициска влада би можела да го освои мнозинството на изборите.

Имено, Зелените исто така имаат поддршка од 18 проценти, а Слободните демократи (ФДП) 12 проценти, покажа истражувањето.

Заедно, тие би имале поддршка од 48 проценти од гласачите и мнозинство за таканаречената семафор коалиција, така именувана по нивните бои (црвено-жолто-зелена).

Истражувањето исто така покажува дека поддршката за конзервативците предводени од канцеларката Ангела Меркел е 26 проценти.

Десничарската АфД има 11 проценти поддршка, а левичарската Линке 7 проценти. Сите други партии имаат вкупно 8 проценти поддршка.

Меркел, која е на власт од 2005 година, најави повлекување по изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons