Германија ќе ја прогласи Виена за корона-ризичен регион

Поради големиот дневен број на новозаразени, Германија има намера да ја прогласи Виена за корона- ризичен регион, тврдат австриските медиуми.

– Од 5 септември во Виена има повеќе од 50 нови инфекции на 100.000 жители, поради што сме принудени да дејствуваме, изјави претставник на германските власти.

Поради актуелната епидемиолошка состојба, Австрија, пред се одредени региони, е во опасност да биде прогласена за ризичен регион.

Швајцарија веќе издаде предупредување за патување во Виена и планира да го прошири и за покраината Тирол.

Италија, исто така, со големо внимание ја следи ситуацијата во Австрија и наскоро би можела да воведе задолжителен ПЦР тест за патници од Австрија, како што тоа веќе го сторија Кипар, Велика Британија, Норвешка и Белгија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons