Врапчиња паѓаат на земјата, граѓаните не знаат што се случува- помор на врапчиња низ цела Македонија (ФОТО)

Во групата „Фармери“ на Фејсбук граѓани споделија фотографии од помор на врапчиња кој бил забележан низ повеќе градови во Македонија.

Членовите во групата споделуваат и најразлични фотографии од помор на врапчиња во нивните градови и населени места.

„Прошетајте малку меѓу Струга и Охрид покрај езерото има колку сакаш вакви мртви и тоа од вчера до денес се случува ова“.

„Пред некој ден забележав има и тоа полно“.

„Сабајле и во кумановско има, и во Свети Николе, и во Кичево, се само дел од коментарите“ под фотографиите со поморот од врапчиња во оваа јавна група  на Фејсбук „Фармери“.

Инаку во групата дел од граѓаните коментираат и дека ова се случува во повеќе земји низ светот, не само во Македонија, но причината никој не ја знае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons