Во светот повеќе деца умираат од глад отколку од болести

Едно дете умира секои 10 секунди од глад

Лошата исхрана и гладот се одговорни за смртта на 3,1 милиони деца годишно. Тоа е речиси половина од сите смртни случаи кај деца под 5-годишна возраст. Децата умираат бидејќи на нивните тела им недостасуваат основни хранливи материи.

На глобално ниво, од недоволна ухранетост страдаат 822 милиони луѓе, покажа истражувањето на „Светот брои“.

Статистиката за глад покажува напредок

Бројот на луѓе погодени од глад од 1990 година се намали за 189 милиони луѓе . Но, во последните години позитивниот развој престана, со што од 2015 година, се забележува раст на бројот на гладните луѓе на глобално ниво секоја година.

ОН имаат поставено цел за одржлив развој на Нула глад до 2030. година, но праксата покажува дека тоа ќе биде предизвик.

Едно од девет лица заспиваат гладни

Намалувањето на бројот налуѓе погодени од глад се случи во период кога светската популација порасна за 2,2 милијарди луѓе ( од 5,3 милијарди во 1990, година на 7,5 милијарди во 2018 година). Бројот на гладни луѓе бележеше значителен пад во минатите три децении ( од 19% во 1990. година на 10.8% во 2018. година).

Но, таквиот позитивен развој се измени во последните неколку години.

Бројот на луѓе погодени од глад е најголем на африканскиот континент каде 20% од населението нема доволно храна. Во делови од источна и јужна Африка, бројот е над 30 отсто.

Во Субсахарска Африка, 1 од 3 деца доживува застој во растот затоа што не добиваат доволно храна или витамини. Покрај голем број здравствени проблеми, заостанатиот раст влијае и на когнитивните способности на децата.

Акутен глад

Од 822 милиони недоволно ухранети луѓе во светот, 113 милиони се соочуваат со акутен глад што значи дека имаат итна потреба од храна и хранливи материи.

Гладдта е најголемиот здравствен проблем во 21 век, а се предвидува дека ситуацијата ќе се влоши.

Климатските промени ќе го зголемат недостатокот на храна

Истражувањата покажуваат дека 24% од светската популација живее во области со недостаток на храна, а 9% во области каде што нема речиси никакви ресурси. Овие бројки може многу добро да се зголемат бидејќи климатските промени сè повеќе ќе влијаат на глобалните системи за храна. Падот на производството на храна е веројатна последица на повисоки концентрации на СО2 во атмосферата, повисоки температури и зголемен недостиг на вода.

Додека 822 милиони луѓе страдаат од глад, околу една третина од целата храна за човечка потрошувачка се фрла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons