ВО САРАНДА БОЛНИЧАРОТ ЈОВИЦА СПАСИ 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ: Успешно го реанимирал иако не давало знаци на живот

Болничарот Јовица Ѓоргиев, вработен во Итната медицинска помош во Скопје, во текот на вчерашниот ден успешно реанимирал 15-годишно девојче на плажата во Саранда, соседна Албанија, откако давеничката без знаци на живот била извлечена од морето.

За немилиот инцидент Јовица на својот профил на Фејсбук пишува како испеал да го спаси девојчето, по што било предадено на медецинската екипа од болницата во Саранда.

-Во бесознание и циенотични усни со добар пулс и она што ни е вродено на сите вработени во И.М.П.-СК, да дадеме прва помош на такво лице, пристапив по протоколите за давање прва помош на давеници што сме ги давале и со нашите обуки во Брза Помош го реанимирав, девојчето поврати вода и ја доби бојата на лицето како на здрав човек, пишува болничарот Јовица на својот профил на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons