Во сабота сите патишта водат кон Битола, УМС го организира својот 30-ти роденден! (Видео)

Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ: УМС не е само име, УМС не е уште една политичка организација. Унијата на млади сили е обврска и тежина, обврска за продолжување на идеалот и вредностите, и тежина од 30 поминати години во борба, пркост и неуморни акции! 30 години во Република Македонија младите го наоѓаат својот партнер, 30 години дел од македонската политичка сцена со најголеми проекти, визии, и активности од младите, за младите! Постоиме 30 години за ова време, за овој миг, кога нашата борба е опстојувањето на Македонија! Ова се моменти кога од нас зависи дали ќе имаме држава, и каде ќе живееме, ова се моменти кога конечно треба да докажеме дека младите постојат сега, за да имаме подобра иднина!Да се биде дел од УМС е голема чест, и затоа УМС ве поканува на својот 30ти роденден, на големо дружење, за уште многу години, за уште безброј борби, за уште еден најголем успех – победа на Македонија! Се гледаме во сабота, во 17:30 часот на историската Хераклеа во Битола!

ВИДЕО!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons