Во Русија започна гласањето со кое ќе се одлучи дали Путин ќе биде на власт до 2036 година

Во Русија започна седумдневно гласање за уставните реформи, со кое ќе се одлучи дали Владимир Путин ќе може да биде реизбран за претседател.

Гласањето се одвива и покрај загриженоста од ризик од ширење на коронавирусот, кражба на гласови и критики за реформите што доаѓаат од опозицијата, пренесува Ројтерс.

Опозицијата смета дека Путин е на власт долго време и дека усвојувањето на низа реформи би можело да се сфати како уставен пуч. Ако се усвојат уставните измени, Путин ќе може да се кандидира за претседател уште двапати откако ќе му истече сегашниот мандат во 2024 година. Ова значи дека усвојувањето на уставните реформи ќе му овозможи на актуелниот претседател на Русија да остане на власт до 2036 година.

Во Русија, бројот на заразени со вирусот надмина 600.000, поради што оваа земја е на третото место во светот, зад САД и Бразил.

Секој ден, во оваа земја се потврдуваат неколку илјади нови случаи на заболување, иако надлежните укажуваат дека епидемиолошката состојба започнала да се подобрува и дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за заштита при гласањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons