Во петок протест против поскапувањето на струјата

Во петок граѓаните повторно излегуваат на протест поради поскапувањето на струјата за 7.4 проценти. 

Организаторите утре од пред зградата на владата ќе го најават новиот протест. За Сител велат дека се обидуваат на мирен начин да дојдат до решение. Повторно ќе побараат повлекување на одлуката за поскапувањето, но ако тоа не се случи најавија радикализирање на протестите.

Демонстрантите на минатонеделниот протест покрај ова, побараа и формирање на независно арбитрирано тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons