(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) СТУДЕНТИТЕ СКОКААТ НИЗ ПРОЗОРЦИ ЗА ДА СЕ СПАСАТ, ИМА И МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ: Лудиот напаѓач во Русија уште пука

Пукањето е во тек во кампусот на универзитетот во рускиот град Перм, пренесува РТ. Според Интерфакс, има загинати и ранети.

Најновите податоци се дека има најмалку осум мртви и шестмина ранети, објави порталот „РБЦ њуз“, повикувајќи се на извор близок до руското Министерство за внатрешни работи.

На снимката, која наводно била направена на самото место, се гледа како луѓето се обидуваат да избегаат од зградата скокајќи низ прозорците.

Една снимка од зградата, наводно, покажува вооружен човек облечен во црно, како оди полека низ кампусот пред преплашени луѓе.

Непотврдени извештаи велат дека стрелецот е 18-годишен напаѓач кој оставил белешка со која го објавил својот чин на социјалните мрежи. Тој, наводно, се забарикадирал во една од просториите на универзитетските згради кон кои бил насочен.

Некои медиуми цитираа извори дека напаѓачот бил убиен од полицајци кои одговориле на пукањето, но засега нема потврда.

Од друга страна, РТ наведува дека е уапсен.

Тој наводно користел „не смртоносна муниција“

.Извор: Индекс.хр

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons