(Видео) Цела Амстердам арена на нозе го поздрави Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување од националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68. минута од мечот, предизвикувајќи аплаузи од сите навивачи на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.

Goran Pandev hyllas när han går av banan i sin sista landskamp för Makedonien. 👏👏pic.twitter.com/Ei6ftoErTv

— Alexander Ivanovski (@Ivanovski__) June 21, 2021

Во прегратки со сите соиграчи од репрезентацијата, Пандев доби аплаузи од сите присутни на стадионот, од навивачите на двете репрезентации, од холандските фудбалери, но и од неговиот поранешен соиграч од Интер, Весли Снајдер.

Холандските организатори пред натпреварот му подарија дрес од холандската репрезентација со бројот 122, бројот на настапите што Пандев ги одигра за Македонија.

За потсетување, ова беше последен натпревар на Македонија на првото Европско првенство. Екипата загуби со 3:0 и заврши последна во групата Ц без бодови, откако во претходните два натпревари беше поразена од Австрија, односно Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons