(Видео) Погледнете како Словенците за само 10 дена направија Ковид болница

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој ќе биде наменет за пациенти со ковид-19. Пред тоа, објектот беше недовршен неколку години.

Премиерот Јанез Јанша упати голема благодарност и честитки до тимот на директорот на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, Јанез Поклокар, кој за рекордно време обезбеди нова, современа установи за пациенти со ковид-19, на најсоодветната локација.

Да се надеваме дека нашата нова скопска ковид-болница, што ќе никне во објектот на старата „Систина“, ќе биде оспособена и опремена уште побрзо. Новата болница со 100 кревети, што ќе ја опслужуваат приватните болници „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“, под диригентската палка на министерот Венко Филипче, е голем и значаен потфат за нашето здравство.

Во меѓувреме, на следниов ЛИНК погледнете како Словенците од зграда во карабина за само 10 дена направија современа болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons