ВИДЕО: Едвај спасија жива глава, навивачи на Галатасарај славеа гол на трибината каде се наоѓаат противнички фанови

Навивачите по Евро 2020 се вратија на стадионите и на натпреварите во квалификациите за европските купови, но на мечот помеѓу ПСВ и Галатасарај настана хаос поради кој УЕФА ќе покрене истрага. 

Холандскиот тим оствари убедлив триуф од 5:1 над Галатасарај, но кон крајот на првото полувреме навивачите беа во главната улога.
Имено, навивачи на турскиот тим едвај спасија жива глава. Тие ја промашија трибината за гостински навивачи на „Филипс“ стадионот и голот на Емре Килинч во 42. Минура го славеа пред фановитен на ПСВ. Тој потег ги разгневи фановите на ПСВ и почнаа да ги бркаат фановите на турскиот тим кои едвај спасија жива глава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons